#ФОКУС
Владата бара итен одговор од Обвинителството и судот за родовото и за сексуалното насилство
Во согласност со обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, Владата ги повикува Обвинителството и судот да постапуваат бргу, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство.
Владата вчера ја поздрави постапката на „Телеграм“ за затворањето на групата „Јавна соба“ бидејќи недозволиво е пред очи да се случуваат кривични дела, а за тоа да нема соодветни реакции.