Медиасет.мк

#ФОКУС

ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот поднесува кривична пријава против Спасовски

Се знае кое е името и презимето за ова што се случува со патните исправи, девет годишниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој што за одредени политички цели не ја кажал оваа обврска пред граѓаните, затоа што постоела оваа обврска 5 години како што можеме да видиме, вели пратеникот Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија и додаде:

Сега треба да бидеме многу внимателни кога ги зборуваме овие работи бидејќи има снимка каде што лично Коциќ има гласано за овој закон за овој рок да биде внесен во законски текст кој што во преодни и завршни одредби кажува дека ќе има казна доколку некој не ги почитува работите она како што се напишани во тој закон. Јас тој закон не го гласав, го гласаше Ненад Коциќ.

Стојаноски потенцираше дека владејачката коалиција на СДС и ДУИ е најголемо дно кое поради неспособност

Мислам дека ова е најголемо дно, најголемо промашување одвратна неспособност на владејачката коалиција бидејќи ги понижува граѓаните, изјави тој.
Стојаноски му порача на Коциќ дека устите им биле полни со европски фронт, а го заглавиле граѓаните во нивната Северна.

Го користите европскиот фронт, а направивте од оваа држава граѓаните да бидат заглавивте во Северната која што вие им ја вметнавте.

Стојаноски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за Оливер Спасовски бидејќи го оштетил и буџетот на Република Македонија и граѓаните со издавање и набавка на лични документи иако знаел дека истите нема да се користат до крајниот рок на издавање.

Утре ВМРО-ДПМНЕ во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за лицето Оливер Спасовски бидејќи ги имам граѓаните и го има оштетено буџетот на Република Македонија, со тоа што знаејќи дека вакво обврска ќе стапи на сила набавувал обрасци за лични документи иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање, истакна Стојаноски.

На почеток
error: