Connect with us

#ТРЕНД

„Во детската соба“, во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“


Денес, понеделник од 19 часот, во Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, ќе биде изведена куклено – визуелната претстава „Во детската соба“, во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“. Претставата е авторски проект на режисерката Милена Миланова од Бугарија, а истата раскажува приказна за четворица чудни специјалисти вработени во компанијата ,,Kрени-носи”. Тие […]

#ТРЕНД

Инфлуенсерката Шијакоска за туморот: Малку недостигаше да паднам во кома


Инфлуенсерката Александра Шијакоска, по операциите, им се посвети на своите следбеници и одговараше на нивните прашања поврзани со тешкиот период низ кој помина. На Шијакоска зимово, во февруари, ѝ открија тумор на главата. Имаше четири операции и по неколку недели поминати во болница, таа пред Велигден се врати дома.

Им се обрати на сите нејзини следбеници на „Инстаграм“, кои ѝ биле огромна поддршка додека закрепнувала и виртуелната љубов и грижата што ги почувствувала, вели не може да ги опише со зборови.

„Немаше да успеам да не знаев дека ме чекаат толку многу луѓе, да се изборам и да се вратам назад“, рече Шијакоска.

Шијакоска раскажа дека мислењата на докторите специјалисти е дека туморот го имала 10 или повеќе години. Симптоми немала никакви сè до моментот кога преживеала сериозна сообраќајна несреќа и кога почнале првите главоболки.

„Главоболките почнаа по сообраќајната незгода. Туморот веќе имаше зафатено голем дел и многу малку недостигаше да се затне протокот на течност од мозокот во телото и да паднам во кома. Тоа можеше да се случи за една година, две, десет, а и можеше за ден-два. Тоа никој доктор не можеше да го предвиди. Исто така, не беше јасно и откриено зошто главоболките ми почнаа по сообраќајната несреќа. Не беше обична главоболка за која треба да се напиеш некој лек. Јас би го опишала како внатрешно нервозно чкрипење, траеше две-три минути и најчесто ме болеше кога ќе легнев на перница. Ќе ја сменев положбата на главата и болката престануваше. Или кога ќе ја кренев главата за да земам нешто што стои над мене, имав вртоглавица и морав да седнам или клекнам“, раскажува инфлуенсерката.

Нејзиниот дечко Едмонд, кој ѝ бил најголема поддршка во најтешкиот период, бил иницијатор да оди на преглед, каде што ѝ било многу грубо соопштено дека има тумор. Првин што посакала во тој момент било да замине дома и да ги гушне блиските.

„За семејството и денес ме боли душава. Беа буквално уништени и на сите им се скрати животот. Јас поголем дел од времето бев под анестезија и не гледав ништо додека тие чекаа без да знаат што било за мене. Нема потешко од тоа. Сега би сакала да можев да скријам и од нив. Барем од татко ми. Многу тешко поглавје во мојот живот, кое никогаш нема да го заборавам, ама се надевам дека времето ќе ми помогне да ги излечам сите рани што останаа отворени“, искрена е Шијакоска.

Првата операција била главна и траела 5 и пол часа. По враќањето дома и за време на закрепнувањето, по само 7 дена, мозочната течност ѝ направила притисок и нов проблем. Шијакоска била повторно хоспитализирана.

„Докторот се надеваше и сакаше да му даде втора шанса на мозокот, без да постави внатрешен дрен. Бев хоспитализирана 8 дена и повторно сите снимки и контроли покажуваа дека сè е во ред. Денот кога бев спремна со куферите и ги чекав последните резултати пред заминување, се случи она што најмалку го сакавме. Ме известија дека треба трета операција, што значи поставување внатрешен дрен. Ја закажаа наредниот ден. Ми се сруши светот. По тој оперативен зафат, бев погодена најмногу психички и се откажав од сè. Чувствував и големи физички болки. По само 2 дена, бев пуштена бидејќи психички не можев да издржам ни ден повеќе во болничка соба“, раскажува Шијакоска.

По 14 дена, повторно заминала на операција, четврта по ред. Инфлуенсерката вели дека ѝ било многу тешко да ја прифати и оваа операција.

„Но, кога докторот ми соопшти дека нема да ме задржи и дека наредниот ден ќе бидам дома, психички тоа го поднесов. За сè друго бев исцрпена“, рече Шијакоска.

Операциите Шијакоска се одлучила да ги направи во приватна болница во Грција.

„Првата операција нè чинеше околу 24.000 евра. Другите три нè чинеа дополнителни 15.000 евра. За првата операција аплицирав во Фондот за покривање трошоци. Одобрен и исплатен е помал дел, а за остатокот сè уште сме во исчекување одлука и одговор од Фондот“, рече Шијакоска.

Сега ја очекуваат редовни контроли и промена на начиот на живеење, а поддршка во сето тоа ѝ се најблиските.

„Нема да е лесно, ама штом сум сè уште сум тука, значи има некоја причина поради која останав жива и ќе се трудам да сум најдобрата верзија од себе. Сега сум добро. Благодарение на Господ и на грижата на најблиските. Сестра ми и Едмонд, кои поминуваа недели со мене во болница. Зет ми, кој ми е братот што отсекогаш сум сакала да го имаме, родителите, семејството на Едмонд – сите тие ми го спасија животот. Вечно ќе им се оддолжувам“, раскажа Шијакоска.

Continue Reading

#ТРЕНД

Каролина првпат проговори за разделбата на родителите: Денес се во одлични односи


Поп-ѕвездата Каролина Гочева 30 години е на музичката сцена. Зад неа се хитови, фестивали, концерти, настапи. На 1 јули на стадионот на АРМ ќе има прв концерт под отворено небо со хитови од нејзиното најубаво музичко време. По три години пауза, повторно е пред скопската публика, а концертот го носи името „Ајде да летаме“.

„Едвај чекам. Возбудата е голема, ама најголемата енергија пред овој концерт ми ја зема временската прогноза“, искрена е Каролина.

Во текот на сите овие години вели дека пеела и кога е среќна, и кога е тажна и кога е болна. „ На концертите во Филхармонијата, а беа четири, на последниот ми се слоши додека пеев, затоа што предходно бев болна. Ама издржав до крај затоа што и тоа е дел од работата“, раскажува поп-ѕвездата.

Неодамна се врати од женски одмор, на кој беше со мајка си, сестра си и со внуките. „Секое лето тие неколку дена ми се најубави. Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски“, раскажува Каролина.

Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара. „Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене. Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира. Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика. Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга“, раскажува Каролина.

Со посебна љубов зборува за внуките Луција и Инес, оти ако вели, љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата.

Првпат проговори за разделбата на родителите. Тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели. „ Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата. Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева.

Во брак е со Михаил 5 години. Вели дека е среќна. За фотогрфаијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор“ вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати.
Ни откри дека добро се снаоѓа и во кујната и сека готви секој ден. „Не ме држи многу со муабет во студиото, морам да одам ручек да правам“, на шега вели Каролина .
За тоа дали и колку ја погодуваат лошите коментари, вели: „Најзлобните коментари ги пишуваат жени што на профилната фотографија се со внуци или цвеќе. Не знам што ги тера да бидат такви, веројатно тоа ги исполнува“, искрена е Каролина.

Зборувавме за Битола, школските денови со Кире Лазаров и како поп-ѕвездата заврши во неговата книга, за бракот со Михаил, за естетските корекции, за семејството и каква е приватно Каролина… гледајте го интервјуто.

Continue Reading

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Тони Зен се враќа на музичката сцена, објави нова песна


Тони Зен се враќа на музичката сцена по повеќе од три години пауза. Тој ја промовира песната „Планот“, за која вели дека го инспирирале младите и постарите артисти.

„Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувствувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин“, вели Зен.

Песната е на Цветковски – Ики и Нино Васков, видеото го направи Огнен Шапковски од „Мелем продукција“.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: