#ТРЕНД

Водителката Николина Пишек доживеала хорор на Брач: Ја избркале од вилата, ја навредувале и ја ограбиле!

Објавено на

На водителката Николина Пишек летувањето на Брач нема да ѝ остане во добро сеќавање. Како што тврди, таа и членовите на нејзиното семејство се исфрлени на улица од вилата и ограбени.

За сè ги обвинува сопствениците на вилата.

„Уредно склучивме договор со агенцијата и плативме половина сума однапред, воопшто не мислевме дека ќе бидеме избркани, понижени и ограбени“, рекла Николина за Слободна Далмација.

– Првиот ден нè дочека сопственик на вилата и нè замоли да му го дадеме остатокот од парите и депозит од 3.000 евра во случај на штета, иако беше речено дека депозитот ќе биде 2.000 евра. Сè уредно му дадовме на рака. Мајко мила, што се случи после тоа. Човекот секој ден почна да ни доаѓа со различни изговори кои најчесто се однесуваа на зафати во куќата. Знаеше да остане и по 45 минути, што правеше и каде сè влегуваше, не знаеме. Потоа стана толку слободен што ми зборуваше: „Зошто си уморна, лошо изгледаш, цела ноќ се забавуваше?, а на Видое му велеше  „Ти се смачи од семејството? Имам некои Бразилки во Белград кои можат да те разонодат.“ Дури ми рече дека погрешно сум ја наместила лентата за вежбање па дека ќе мора да го наплати депозитот. Врв на сè беше кога видовме дека целата вила е прекриена со камери, што значи дека можел да го следи секој наш чекор. Еден ден бевме на базен со пријателката и ја прекривме камерата, бидејќи ако веќе толку платив, имав право да се соблечам топлес, зошто тој би гледал… Можеби тоа го разбесни, не знам. И покрај нашите приговори до агенцијата, добивме штур одговор дека  е специфична личност. Не ни одговараа на повиците вечерта кога сè се одигруваше“, наведе Николина.

Видое имал состанок со адвокатот, а Николина била со другите од семејството. Меѓутоа, како што тврди, кога се вратиле во вилата, ги дочекало непријатно изненадување.

„Од обезбедувањето рекоа дека се ангажирани од сопственикот и дека немаме право да влеземе. Имаше повишени тонови, децата беа преплашени. Во еден момент Видое успеа да го заобиколи обезбедувањето и да ги изнесе нашите работи. Вратата беше полуотворена, а кога влезе, почувствувал дека некој го удира и го турка на подот. Сопственикот му седел на грбот додека неговата сопруга викала: „Четничка ку*ва која пуши српски к*р. нема да влезе во мојата куќа ни за 15 години живот“. Страшно нешто! Викнав полиција која дојде по 15 минути.

Децата почнаа да викаат: „Мамо, ќе умреме, ќе не убијат?“

Видое излезе потресен, само му реков да ги носи децата во Сплит како знае и умее.

Потоа ѝ дозволиле на пријателката на Николина да ги собере работите, а потоа влегла и Хана, ќерката на Николина од првиот барк со новинарот Марк Цигој.

„Подоцна Хана ми кажа дека слушнала како сопственичката зборува: „Глупачава ќе се онесвести, ако викнеме брза помош ова ќе потрае до изутрина“. Но моите тврдеаа дека ова е смислен грабеж и организиран криминал од страна на агенцијата . Кога конечно ни дозволија да си одиме со работите, викаа по нас: „Сега ја дигаме рампата и ќе се губите одовде!“, рекла Николина, а пренесуваат хрватските медиуми.

Сопственикот на вилата ја негира вината.

„Ми ја уништуваа куќата. И иако постојано ги предупредував на тоа, не престануваа, а на крај дури и ни се заканија. Имаа четири кучиња и тој африканскиот еж која ја засмрде целата соба. Кучињата скокаа во базенот и спиеја на креветите. Вечерта ги сменивме бравите и им спречивме да влезат зашто се плашевме дека ќе уништат сè. Ништо не пипнавме, никакво злато, пари, нишto“, рекол сопственикот.

Трендинг

Exit mobile version