Српскиот рапер Михајло Верувиќ, познат како Војаж, наводно станал татко пред една седмица, а веста за приновата ја чувал во тајност заедно со својата свршеница, чиј идентитет не ѝ е познат на јавноста.
Според пишувањето на српскиот магазин „Блиц“, неговата партнерка се породила пред седум дена. Веста изненади многумина, бидејќи раперот досега не открил дека со свршеницата очекуваат дете.
Војаж претходно зборувал за желбата да стане млад татко и да изгради функционално семејство. Одговарајќи на прашање од следбениците за својата најголема животна цел, тој изјавил: „Да бидам млад татко и да имам најдобар можен однос со моите деца. Функционално семејство“.
Раперот внимателно го чува приватниот живот од јавноста. Со сегашната свршеница, мистериозна бринета на чија рака ѝ ставил прстен, досега објавил само едно видео на ТикТок, без да открива повеќе детали.
Неговата најпозната јавна врска беше со пејачката Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица. Двајцата беа заедно од 2019 до јануари 2021 година. Подоцна медиумите го поврзуваа со Џина Џиновиќ, но тој ги негираше наводите за љубовна врска, а во текот на 2024 и почетокот на 2025 година беше во врска со Тамара Кујачиќ.