Маж од Лондон е вториот пациент во светот кој што е излекуван од ХИВ, соопштина денес лекарите. Адам Кастиело е негативен на вирусот повеќе од 30 месеци, откако ја прекинал антивирусната терапија.
Тој не бил излечен со лекови проив ХИВ, туку со третман на матични клетки што ги добил додека се лекувал од карцином. Донаторите на тие матични клетки имаат невообичаен ген што им овозможува заштита од ХИВ.
Во 2011 година, Тимоти Браун стана првиот човек пријавен како излечен од ХИВ вирусот, три ипол години откако имал сличен третман.
Трансплантираните матични клетки отпорни на ХИВ се чини дека ја спречуваат можноста на вирусот да се реплицира во организмот.
Проф. Равиндра Кумар Гупта, водечки истражувач на универзитетот Кембриџ, изјави за Би-Би-Си: „Ова е речиси сигурно лек за ХИВ“.
„Нашите откритија покажуваат дека успехот во трансплантацијата на матични клетки како лек за ХИВ, кој првпат беше пријавен пред девет години кај пациент од Берлин, може да се реплицира“, рече проф. Гупта