Медиасет

Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри

Објавено на

Еруптираше вулканот Етна исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри.

Облакот од чад и пепел од Етна продолжи да се движи во правец исток-југоисток, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА.

ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува.

Етна исфрлаше лава и пепел на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големата количина на пепел произведена од активноста на овој вулкан.

Трендинг

Exit mobile version