Медиасет
WhatsApp ја подобрува веќе корисната функција: повеќе ќе личи на Instagram
Веќе знаеме дека кога се допишуваме со некого и тој ќе напише порака, индикаторот „Typing…“ се наоѓа под името на контактот, што е малку незгодно.
На повеќето апликации за пораки, индикаторот дека некој пишува порака се наоѓа во самиот разговор, односно местото каде што ќе ја примиме пораката.
Како што најави основачот на сајтот APKMirror Артем Русаковски, според неговите сознанија, нешто слично ќе се случи и со WhatsApp, односно од Мета работат оваа функција да биде глобално достапна што е можно поскоро.
Го добивме новиот индикатор за пишување во WhatsApp.
Моментално оваа промена е направена само за корисниците кои се во бета каналот, а се уште нема официјална потврда дека ќе остане во „стабилната“ верзија на апликацијата, односно не се знае точно во кој апдејт ја ќе пристигне.
Во моментов, новиот индикатор за пишување пораки е во бета верзија 2.24.24.24, а можеби и не треба да бидеме премногу изненадени од оваа промена бидејќи апликациите кои исто така се во сопственост на Meta, Instagram и Messenger веќе го имаат и изгледа вака.