Медиасет

WhatsApp би можел да добие верзија без реклами, но со претплата

Објавено на

WhatsApp наскоро би можел да понуди можност корисниците да ја користат апликацијата без реклами, но преку плаќена претплата.Според информации од најновата верзија на апликацијата за Android, во кодот на WhatsApp се забележани елементи кои укажуваат на развој на опција за претплата која би ги отстранувала рекламите. Рекламите би се појавувале во деловите „Статус“ и „Channels“, додека приватните пораки би останале непроменети.Корисниците би имале два избора – да ја користат апликацијата бесплатно со реклами или да се претплатат за искуство без реклами. Сè уште не е позната цената на претплатата ниту датумот кога оваа опција ќе биде официјално достапна.WhatsApp долг период важеше за апликација без реклами, но компанијата Meta, сопственик на сервисот, во последно време се повеќе се фокусира на нови модели на монетизација. Сличен систем на претплата без реклами веќе постои на Facebook и Instagram во одредени региони.Од компанијата Meta сè уште нема официјална потврда за датумот на воведување на оваа опција, ниту информации дали ќе биде достапна глобално или само на одредени пазари.

Трендинг

Exit mobile version