Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Wizz Air ги обновува летовите кон аеродромот Бен Гурион во Израел

Медиасет.мк
пред 5 месеци
vizzar

Wizz Air ќе ги обнови летовите до и од аеродромот Бен Гурион почнувајќи од 28 мај, соопшти главниот комерцијален директор на компанијата Ијан Малин.

„Како сигурна европска авиокомпанија и водечки нискобуџетен превозник во Израел, возбудени сме што можеме да го потврдиме нашето враќање во Тел Авив. Безбедноста на патниците и екипажот останува наш главен приоритет. Кон оваа одлука пристапивме внимателно и одмерено“, се наведува во соопштението, пренесува The Times of Israel.

Од компанијата посочуваат дека одлуката била донесена откако Европска агенција за безбедност во воздухопловството ги ублажила препораките за летање во израелскиот воздушен простор.

„Авиокомпанијата ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата и ќе остане во редовен контакт со воздухопловните и безбедносните агенции, како и со владините институции“, додаваат од Wizz Air.

Компанијата ги прекина летовите откако израелскиот воздушен простор беше затворен за странски авиокомпании на 28 февруари, по почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 10 часа

media-library70nalamcc6m92c6BeMk

Купила куќа од култниот хорор-филм „Полтергајст“ и сега им овозможува на обожавателите да преноќат во неа

Патувања | пред 11 час

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 2 дена

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања