Медиасет

Wizz Air ги обновува летовите кон аеродромот Бен Гурион во Израел

Објавено на

Wizz Air ќе ги обнови летовите до и од аеродромот Бен Гурион почнувајќи од 28 мај, соопшти главниот комерцијален директор на компанијата Ијан Малин.„Како сигурна европска авиокомпанија и водечки нискобуџетен превозник во Израел, возбудени сме што можеме да го потврдиме нашето враќање во Тел Авив. Безбедноста на патниците и екипажот останува наш главен приоритет. Кон оваа одлука пристапивме внимателно и одмерено“, се наведува во соопштението, пренесува The Times of Israel.Од компанијата посочуваат дека одлуката била донесена откако Европска агенција за безбедност во воздухопловството ги ублажила препораките за летање во израелскиот воздушен простор.„Авиокомпанијата ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата и ќе остане во редовен контакт со воздухопловните и безбедносните агенции, како и со владините институции“, додаваат од Wizz Air.Компанијата ги прекина летовите откако израелскиот воздушен простор беше затворен за странски авиокомпании на 28 февруари, по почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран.

Трендинг

Exit mobile version