Медиасет
Wizz Air најави прекин на дигиталните услуги, летовите остануваат редовни
Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air најави привремен прекин на работата на своите дигитални платформи поради планирано унапредување на ИТ-системот, кое треба да ја подобри доверливоста и стабилноста на услугите, како и целокупното корисничко искуство на патниците.Прекинот на пристапот до системите е планиран во периодот од 25 февруари во 23.00 часот до 26 февруари во 08.00 часот.Во тој временски интервал на патниците нема да им бидат достапни резервации на нови билети, измени на постојни резервации, онлајн чекирање, функциите на мобилната апликација, како и преземање ваучери и управување со кориснички профили.Од компанијата наведуваат дека сите летови во тој период ќе се реализираат според редот на летање и дека прекинот на системот нема да влијае врз патниците кои веќе извршиле чекирање или ги презеле своите бординг-карти.„Посветени сме на обезбедување сигурно и квалитетно искуство за нашите клиенти. Ова планирано унапредување дополнително ќе ги развие нашите системи и ќе овозможи идни подобрувања на дигиталните платформи. Им благодариме на патниците за разбирањето додека ја спроведуваме оваа важна техничка процедура“, изјави Оливија Харангоѕо, менаџерка за корпоративни комуникации во компанијата.Wizz Air им препорачува на патниците кои патуваат за време на прекинот навреме да го завршат онлајн чекирањето и да ги преземат своите бординг-карти. Доколку е потребно, компанијата во тој период ќе овозможи бесплатно чекирање на аеродром.Авиокомпанијата очекува сите дигитални услуги повторно да бидат целосно достапни веднаш по завршувањето на планираната техничка интервенција.