Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Заев: Моето семејство беше протестантско, станав православец во 1999, кога требаше да станам кум на мојот пријател

Медиасет.мк
пред 5 години
zaev

Премиерот Зоран Заевво интервјуто за српски Курир, откри многу работи за себе, неговиот живот приватно но и професионално како и за семејството. Тој меѓу другото изјави дека бил протестант и дека подоцна се обратил и преминал во православната црква.

Јас сум верник, голем верник. Секоја трета недела наутро, одам на служба во манастирот Водоча кај Струмица, го почитувам секој православен празник. Моето семејство изгради повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени, висок 54 метри. Помогнав и во изградбата на неколку џамии во Македонија. За мене, сето тоа е Божји дом, рече Заев, за Курир.рс.

Моето семејство беше протестантско. И мајка и татко кога биле млади. Во раните 90-ти, сите влеговме во православната црква, двајца чичковци беа погребани според православните обичаи. Јас се крстив во 1999 година, кога требаше да станам кум на мојот пријател. Веќе бевме во Православната црква, но јас не бев крстен. Се венчав во црква, моите деца беа крстени – истакна Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 1 ден

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 1 ден

media-library5cdruugr43ib6PQStpG

Киселкаста, но хранлива: Откријте ги придобивките од аронијата

Трендови | пред 1 ден

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања