Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Заев: Првите милиони ги заработив од продажба на сушени црвени пиперки и лубеници

Медиасет.мк
пред 5 години
zaev

За српски „Курир“, премиерот Зоран Заев ја раскажуваше својата животната приказна. Тој  раскажа дека продавал овошје и зеленчук, односно лубеници, домати и пиперки на пазарот во Горњи Милановац и дека првите милиони му се токму од Србија.

Во исповед за српски „Курир“, тој објаснува како стигнал од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил првиот милион и зошто понекогаш сака да побегне од сите на мотор.

„Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убава Јелена. Ја запознав едно лето додека продаваше лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот дополнителен профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продавав суви пиперки во Србија“, вели Заев.

„Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана“, истакнува премиерот на РСМ.

„И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже еден српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, додава тој.

Целата животна приказна на следниот линк!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Сцена | пред 4 дена

media-library46r8nellpetv7A8rAkI

Делумно затемнување на Месечината во Риби: Четири знаци оставаат нешто старо зад себе

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Хекланите балетанки се новиот моден хит за крајот на летото

Трендови | пред 1 седмица

Pojadok

Огладнувате многу пред ручекот? Проверете дали појадокот ги содржи овие три работи

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања