Снабдувањето со гас во Европската унија е „во моментов загарантирано“, но сегашната ситуација „мора да се сфати сериозно“, соопшти Европската комисија.
„Според она што го комунициравме со властите на земјите-членки, снабдувањето со гас во Германија, исто како и остатокот од ЕУ, во моментов е загарантирано. Намалувањата на испораките на руски гас засега може да се компензираат“, изјави портпаролот на Европската комисија за Си-Ен-Ен. .
Сепак, додаде тој, оваа ситуација мора да се сфати сериозно.
„Свесни сме дека ситуацијата може да се влоши. Девет земји-членки активираа план за рано предупредување за ситуацијата со гас, бидејќи Русија ги користи своите испораки на гас како оружје за уцена“, рече портпаролот, пренесува Индекс.
„Заканата од целосен прекин на снабдувањето со гас сега е пореална од кога било досега“, изјави денеска потпретседателот на ЕК Франс Тимерманс.