Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Здраво млади“ по 14 пат во МКЦ

На денот на Народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, ќе се реализира 14 издание на фестивалот на нова музика „ЗДРАВО МЛАДИ” во организација на Младинскиот културен центар – Скопје.

Во рамките на програмата, публиката ќе има можност да погледне 17 различни музички артисти од 6 земји од Европа. Оваа година, програмата претставува вистинско изобилство од музички артисти кои пленат со своите настапи во живо, претставувајќи сериозна музичка разгледница од светот.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив “Гола планина / Мртов коњ”, публиката ќе има можност да ги чуе младата дарквејв артистка “ATA” (MKD), енергичните “KLOTLJUDI” (SRB), дрон/фолк артистот “СТОЈ, ПОСЛЕ!” (MKD), панк-рок изведувачот “DIMISH” (МКД), инди составот “ZANADU” (MKD), психоделичните “VAGINA CORPORATION” (MKD) како и диџеите Пепи и Шабан.

Оваа година, Младинскиот културен центар оствари тесна соработка со Холандската амбасада во Скопје, каде со нивна организациска и финансиска поддршка, како и поддршката од партнерите од европската мрежа “Liveurope”, ќе се реализира музчката програма насловена како “Liveurope & NL” селекција. Во неа, публиката ќе ги проследи настапите на иновативните “VELOCITY MADE GOOD” (NL), експлозивното трио “HOUSEPAINTERS” (NL), соло проектот и хрватскиот хит “IDEM” (HR), панк изведувачот “TANDARA” (HR) како и полските џез експериментатори “KOSMONAUCI” (PL).

Во соработка пак со холандската издавачка куќа “YUGOFUTURISM”, ЗДРАВО МЛАДИ ќе ги угости интензивното нојз трио "TEXOPRINT" (NL), андерграунд нојз- поп сензацијата "SØWT" (NL), кантавторката "EERIE WANDA" (NL/HR), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа "YUGOFUTURISM", Кун Хегде или диџеј VIKENDICA.

Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на Здраво Млади уште од своето прво издание, Диџеј Фиц од Ирска.

Програмата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, Холандската амбасада во Скопје и мрежата “Liveurope”.

Влезот на 14. издание на ЗДРАВО МЛАДИ е слободен, додека програмата ќе започне во 19 часот.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryhssfl075hun2bTc7Z73 ВИДЕО

(Видео) Васка Јанковска ја запеа „Едерлези“ во кафеана, гостите во еден глас ѝ се придружија – „Се наежив“

пред 5 часа
media-librarylt1a799aolv585K55iG

Санторини и Миконос под притисок од туристи: Крузерската индустрија бара десетгодишен план

пред 9 часа
lila-naslovna-2

Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз

пред 1 ден
media-libraryhbsnr9d9n3q08MPasHf

„Дознав нешто страшно и ставив крај“ – Зоран Бирташевиќ откри зошто го прекинал пријателството со Јелена Карлеуша

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања