Новинарката Сања Лучиќ, која работи во италијанско радио, преку социјалните мрежи се обрати до нејзините пријатели од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија. Таа порачува дека ситуацијата со коронавирусот не може да се сфати како нешто лесно кое ќе се надмине и направи споредба со ситуацијата во Италија.
„Здравствениот систем на најбогатите италијански региони е во колабс, нема доволно апарати за дишење, докторите работат по 48 саати, луѓето остануваат на интензивна нега по најмалку 15 денови (ако некогаш излезат од неа), така што докторите се принудени да прават селекција. За лицата над 60 години, нема место во болниците. Ако треба да бидааат меѓу млади и стари лица кои треба да се спасат, ќе ги изберат младите. Повозразните лица се нечиј татко, мајка, чичко, тетка“, пишува Лучиќ за состојбата со вирусот во Италија.
Таа вели дека во Италија постојано се емитуваат ТВ спотови со предупредувања што смее, а што не смее да се прави – а тоа е последица на тоа што коронавирусот многу брзо се шири.
„Вирусот (не е важно како настанал) ужасно брзо се шири и единствено решение за да се запре е да се остане дома. За овој вирус, нема лек. Не станува збор за грип, ниту е компликација од грип. За воспаление на плуќата од грипот постојат антибиотици бидејќи станува збор за бактерија, за овој нема лек бидејќи е вирус. Може да немате симтоми, а да ги заразите останатите. На ТВ, на секои 10 минути оди предупредување што смее да се прави, а што не смее. Земете го ова во предвид бидеји вирусот не познава граници. Чувајте се“, додава Лучиќ.