Медиасет.мк

#ТРЕНД

Животот на Хари и Меган надвор од кралското семејство ќе почне на 1 април

Принцот Хари и Меган Маркл ќе ја затворат канцеларијата во Бекингемската палата, а нивниот живот надвор од кралското семејство ќе почне на 1 април. Тие пред тоа ќе се вратат во Велика Британија за да ги завршат своите последни кралски ангажмани.

Принцот Хари и пејачот Џон Бон Џови на 28 февруари ќе присуствуваат на настанот Инвиктус гејмс. Хари ќе му се придружи и на Луис Хамилтон на отворањето на Силверстоун експириенс, музеј за минатото, сегашноста и иднината на британските мототрки.

Војводата и војвотката заедно ќе присуствуваат на доделувањето на наградите за достигнувањето на Фондот Ендерв, како и на музички фестивал во Моунтбатен во Ројал Алберт хол.

Меган ќе има и ангажман на Меѓународниот ден на жената, но уште нема детали.

Во меѓувреме беше објавено дека кралската двојка ќе се откаже од брендот „Сасекс ројал“.

Но, тие ќе ги задржат своите други титули – гроф и грофица од Дамбартон и барон и бароница на Кикел.

По изјавите во јануари дека принцот Хари ќе ги загуби неговите воени чинови, денеска е објавено дека ќе ги задржи чиновите мајор, потполковник и водач на ескадрила, но нема да ја користи неговата почесна воена положба и нема да може да извршува какви било службени должности во врска со тие улоги, објави „Сан“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: