#ЏЕТ-СЕТ
Зошто е важно внесувањето на витамин Д?
Веќе подолго време е познато дека витаминот Д придонесува за здрави и јаки коски. Во последно време се појавуваат се повеќе информации кои на витаминот Д му препишуваат извонредно значење за нашето здравје.
Една од најважните улоги на витаминот Д е одржување на серумската концентрација на калциум и фосфор со поттикнување на нивна апсорбција во цревата, раст и развој на коските и овозможување правилно делување на тироидните хормони за одржување на концентрацијата на калциум во крвта.
Експертите препорачуваат дневно да се внесуваат 5-15µg витамин Д. Многу истражувања покажуваат дека со консумирање на 20µg дневно, се намалува ризикот од остеопороза.
Витаминот Д може да се внесе во организмот и преку храната . Најприсутен е во рибиното масло, млеко и млечни производи, жолчка од јајце. Во доволна количина го нема ниту во една намирница од нашата секојдневна исхрана и затоа речиси е невозможно потребите да се задоволат со внесување на истиот преку храна, па истите се надополнуваат со изложување на сонце.
Најчести симптоми од недостиг од витаминот Д се замор, сонливост, премаленост, мускулна слабост, намален праг на болка, депресија, потење на главата, ексцентричност, сува кожа, кршлива коса и бавно заздравување рани.
Недостигот од витаминот Д влијае врз појавата на повеќе болести, како што се: остеопороза, рахитис, кардиоваскуларни болести, депресија, шизофренија, Алцхајмерова болест и деменција (од 70 до 90 отсто од пациентите со Алцхајмерова болест имаат недостиг од витамин Д), респираторни заболувања, псоријаза, дијабетес мултиплекс склероза, аутизмот, болести на непцата и губиток на забите, пораст на стерилитет меѓу младите, еректилна дисфункција, ревматоидни артритис, рак на дојка (25 отсто поголем ризик кај жените што имаат помалку од 20 мг витамин Д), рак на проста, рак на дебело црево.