#ТРЕНД

Зошто Елон Маск на својот син му го даде името X Æ A-12?

Објавено на

Сопственикот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, и неговата девојка Грајмс во понеделникот соопштија дека добиле син и му дадоа необично име, X Æ A-12.

Канадската пејачка Грајмс на Твитер објасни што значи ова чудно име.

Маск забележал грешка во нејзиниот статус и ја предупредил по што не изгледал премногу импресиониран од нејзиниот потег.

„СР-71, но да“, напиша тој, корегирајќи го објаснувањето дека А-12 го означува нивниот омилен авион.

Грајмс не му остана должна.

„Се опоравувам од операцијата и едвај сум жива, па мислам дека моите грешки треба да се простат“, одговори таа.

Целото име на нивниот син е X Æ A-12, но се чини дека неговото име не е дозволено со закон во Калифорнија. CNN пишува дека причината не е само тешкотијата во изговарањето на името, туку и затоа што буквата Æ не постои во американската азбука. Поради ова, Маск и Грајмс можеби нема да можат да му го дадат ова чудно име на својот новороден син.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version