Предмети што Русите најмалку ги посакуваат како новогодишен подарок се магнети, симболични дребулии, езотерични реквизити и т.н. „собирачи на прашина“, додека подарок-картичките и парфемите се подароци на кои би им се израдувале најмногу.„Русите имаат многу јасен список на работи што не сакаат да ги видат под новогодишната елка. Неспорен лидер на антирангирањето се новогодишните сувенири – дури 74 отсто од испитаниците изјавиле дека не сакаат магнети и симболични дребулии“, се наведува во истражувањето, спроведено врз основа на анкета со речиси 3.000 возрасни испитаници од цела Русија, пренесува агенцијата РИА Новости.Според резултатите, за мнозинството Руси новогодишните сувенири повеќе не претставуваат знак на внимание и наклонетост, туку непотребни предмети за кои треба да се најде место во домот.
