Медиасет

Зверев го освои Ролан Гарос и го освои првиот Грен слем во кариерата

Објавено на

Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои титулата на Ролан Гарос и го запиша најголемиот успех во својата кариера, откако во финалето по голема борба го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 3:2 во сетови (6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1).По три загубени Грен слем финалиња, Зверев конечно стигна до првиот трофеј од највисок ранг. Третиот тенисер на АТП-листата одигра одличен турнир во Париз, а круната ја стави со победата во финалето против најпријатното изненадување на турнирот.Коболи пружи силен отпор и успеа да избори петти сет, но немаше доволно искуство и квалитет за да го запре Зверев. Натпреварот траеше повеќе од четири часа и понуди возбудлива борба до самиот крај.Ова беше петти меѓусебен дуел на двајцата тенисери и четврта победа за Зверев, кој за првпат во кариерата го освои Ролан Гарос, а воедно и својот прв Грен слем трофеј.По години чекање, разочарувања, повреди и пропуштени шанси, Зверев конечно го подигна првиот Грен слем пехар и го впиша своето име меѓу шампионите на Ролан Гарос.

Трендинг

Exit mobile version