Австриската натпреварувачка во нордиска комбинација Јоана Басани (18) е пронајдена мртва, а наводно, се самоубила поради големиот притисок врз нејзината кариера од австрискиот Сојуз.
Покрај нејзиното тело биле пронајдени неколку писма, во кои пишувала за големиот притисок од страна на австрискиот Сојуз и дека не можела повеќе да го издржи тоа.
-Не можам повеќе, не можам – напишала во писмата
Инаку, Јоана Басани е освојувачка на сребрен медал на Олимписките игри (ОИ) во Лозана минатата година.
