#ТРЕНД
26-годишен скопјанец добил инфаркт по прележан ковид-19
26-годишен скопјанец добил срцев удар откако го прележал коронавирусот, а за да му го спасат животот, лекарите морале да му вградат стент, изјави за Алфа интернистот доктор Владимир Ристовски.
Тој вели дека ова не е единствен случај на млад човек да добие сериозни компликации откако го прележал ковид-19, бидејќи, како што вели, уште двајца млади луѓе под 30 години биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ со пост ковид компликации, иако пред да го прележат вирусот биле физички здрави.
– Имаме доста голем број пациенти кои развиваат срцева слабост после прележан ковид-19. Имаме пациенти коишто развиле акутна тромбоза, односно акутно запушување на долните екстремитети како компликација од вирусот ковид-19. А имаме и пациенти кои, за жал, сè повеќе млади, кои веќе прележале ковид-19 пред месец или два, а сега доаѓаат во фаза на акутна тромбоза на крвните садови на срцето, односно со акутен миокарден инфаркт. Тој број на пациенти е зголемен и сè уште ќе се зголемува во наредниот период со оглед на тоа дека компликациите коишто биле претходно ги согледуваме сега и ги третираме сега – вели Ристовски.