Медиасет.мк

#ФИТ

5 најчести грешки при вежбање

Ако тренирате редовно во фитнес сала или ако вежбате дома, а не гледате резултати, не прекинувајте со физичката активност. Внимателно разгледајте го планот за вежбање по кој што се ориентирате и оценете дали во него има некои пропусти. Еве некои од најчестите грешки кои се прават во вежбањето:

1. Прескокнување на загревањето

Потребно е пред секое вежбање да се загреете со лесно темпо. Пред тренингот, мускулите се “ладни”, а за правилно да реагираат на оптеретувањето, тие мораат постепено да се загреваат. Со текот на времето, загреаните мускули ќе Ви овозможат зголемување на интензитетот на вежбите и поради зголемената еластичност – полесно поднесување на напорот.

2. Премалку вежби за грб

Забележано е дека при тренирање, најмногу се занемарува оваа голема површина на задниот дел од телото. Не ги намалувајте кардио вежбите, но „зацврстете го грбот“- не барајте изговори. Тој е најголема област на вашето тело и бара внимание доколку сакате поголеми и посилни мускули.

Само помислете на сите мали мускули на грбот кои го одржуваат вашето тело исправено, посебно овој период кога поминувате премногу време во седната положба. Вежбите за грб се неопхподни за да се постигне баланс.

3. Се држите до одреден број повторувања

Доколку не го зголемувате бројот на повторувања, нема да го постигнете посакуваниот резултат затоа што за тоа е потребно континуирано да ја зголемувате границата на издржливост.

Наместо одреден број повторувања, фокусирајте се на тренингот се додека можете да издржите, бидејќи и нивото на способности варира од ден на ден и зависи од многу други фактори.

4. Тренингот не е дел од вашата секојдневна рутина

За многумина одењето во теретана е дел од нивната секојдневна рутина. Тоа е нешто што во моментите на домашна изолација тешко се одржува. Сега е поважно од било кога да одредите време за вежбање во текот на денот и редовно да се придржувате до него.

5. Завршувате да вежбате наеднаш

Кога вежбаме, крвниот притисок се зголемува со цел да ги постигне барањата што му ги задаваме на телото. Во меѓувреме, срцето има задача да однесе крв до секоја клетка. Доколку наеднаш престанеме да се движиме по интензивен тренинг, се намалува и потребата за зголемен проток на крв. Најдобро е постепено да се намалува интензитетот на вежбање.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: