Иако сите знаеме дека намалувањето на килограмите не е едноставен процес и не постои ниедна диета која е „магична“, сепак некои ситни промени во секојдневните навики пред спиењето и тоа како можат да влијаат на линијатa.
Петте трикови кои би требало да ги применувате секоја вечер пред спиење што ќе ви овозможи да постигнете идеална тежина.
Вечера без сол
Сакате да се разбудите без надуен стомак и отечени нозе, внимавајте што јадете. Солената храна пред спиење е непријател на вашата линија. Во текот на ноќта останува во телото и ја задржува водата поради што доаѓа до надуеност.
Вечерата мора да биде лесна. Се препорачува варен зеленчук и чисто месо или риба подготвена без пржење на масло.
Пијалаци
Газираните пијалаци како и соковите преполни со шеќер може да ви го загрозат сонот, но и линијата. Шеќерот тешко и бавно се разградува и затоа треба да се избегнува пред спиење. Од друга страна, водата го плакне организмот и спречува задржување на истата во телото.
Затоа, по вечерата испијте обична чаша вода, но не претерувајте со количината.
Мрачна соба
Хормонот мелатонин докажано му помага на телото да потроши повеќе калории. Со оглед на тоа што телото најмногу се произведува во потполн мрак, обезбедете си добро затемнета атмосфера за спиење.
Температура
Истражувањето покажало дека спиењето во ладна соба предизвикува трошење на повеќе калории. Пред спиење проветрете ја просторијата и освежете ја колку можете.
Освен потрошените калории, ќе спиете поубаво и поцврсто, што е еднакво важно за одржувањето на линијата.
Физичка активност
Ако сметате дека физичката активност пред спиењето не е добра за вашето тело, тогаш се лажете. Истражувањето докажало дека каква било вежба или подолга прошетка по вечерата му помага на организмот да согори повеќе калории, но и го осигурува квалитетниот сон.