#ФАЦИ
Венко слави роденден, поразличен од сите други
Министерот за здравство Венко Филипче денес полни 43 години. Веројатно овој ден и овој роденден многу поинаков од сите досегашни. Причината е јасна – општото добро на сите нас.
Филипче како министер ја има најтешката задача во државата, борбата со коронавирусот и борбата да се спасат што е можно повеќе човечки животи. Иако денес му е роденден, Филипче не слави, напротив работи на терен. Тоа може да се забележи и од неговата утринска објава на социјалните мрежи.