Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

9 причини зошто е добро да чувате куче

Сопствениците на куче се смеат почесто
Студија објавена во списанието “Сосаети енд анималс” вели дека луѓето кои чуваат куче се смеат многу почесто од оние кои не чуваат. Авторите на оваа студија побарале од луѓе кои чуваат и оние кои не чуваат куче да зебележат колку пати ќе се насмевнат во еден ден. Се покажало дека оние кои имаат куќе, го прават тоа многу почесто.

Имаат верен пријател
Кучињата еволуирале од волци, а тие живеат во чопори и развиваат силна поврзаност со другите членови. Тоа е она што ги прави кучињата верни. Тие на своите сопственици гледаат како на членови на чопор и се поврзуваат со нив исто како на свои браќа и сестри од чопорот.

Луѓето кои чуваат куче се подружељубиви
Оние кои чуваат кучиња почесто излегуваат на прошетка, среќаваат други луѓе и разговаат со нив без разлика дали тие имаат куче или не.

Кучињата го чуваат здравјето
Студија објавена во списанието “Нешнл академи оф саенс” покажува дека децата кои се родени во дом каде се чува куче имаат помали шанси да заболат од астма или алергија. Благодарение на кучињата кои излегуваат и се враќаат во куќата, децата развиваат микроби кои штитат од алергени.

Луѓето кои чуваат куче се поактивни
60% од луѓето кои го носат своето куче на прошетка исполнуваат дел од препорачата вежба на телото во еден ден.

Кучињата спасуваат животи
Тренираните кучиња можат да почувствуваат епилептичен напад дури и до 15 минути пред да се случи. Почнуваат да лаат и на тој начин го предупредуваат оној кој боледува да седне и да не се повреди при пад.

Му даваат смисол на животот
Тие се одлично друштво секому, а особено на постарите. Спроведени истражувања покажуваат дека постарите лица кои чуваат куче се позадоволни со својата социјална, физичка и емотивна состојба за разлика од оние кои немаат.

Го зголемуваат нивото на самодоверба
Резултатите покажуваат дека оние кои земале да чуваат куче, 10 месеци подоцна имале поголема самодоверба, самопочит, подобра телесна активност.

Навистина ги прават луѓето посреќни
Едноставниот контакт со очите со својот миленик поттикнува окситоцин, хормон на добро расположение. Сопствениците на кучиња се помалку депресивни, помалку осамени, посреќни се и помалку изложени на стрес.

Трендинг

На почеток
error: