Украинскиот фитнес-инфлуенсер, Дмитриј Стужук, почина од компликации од корона, само неколку недели откако на своите следбеници им порача дека ковид-19 е лага. 33-годишниот Дмитриј, кој на Инстаграм имаше преки 1 милион следбеници, се заразил во Турција. Од таму бил префрлен во болница во Украина.
Последната слика ја објавил од болница пред 5 дена. Истиот ден бил пуштен дома, ама бидејќи болеста му го ослабнала ритамот на срцето, истиот ден повторно итно бил вратен назад и во болницата починал.
Неговата поранешна сопруга Софија преку „Инстаграм“ ја сподели веста за неговата смрт.
„Дима веќе не е со нас. Неговото срце не можеше да издржи. Тој долго време беше во бесознание, лекарите се бореа за неговиот живот“, рекла таа.