Медиасет.мк

#ТРЕНД

Карлеуша до нејзината колешка: ЈК од Алиекспрес

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша ја нарече својата колешка Маја Беровиќ нејзина копија од „Алиекспрес“, поради идентичната комбинација облека што ја носеа и двете.

Имено, Јелена ја објави пораката што ја доби на својот Инстаграм профил, споредувајќи го нејзиниот стајлинг и стајлингот на Маја. Станува збор за секси црн костум со качулка, што и двете пејачки ја носат на глава.

„Пекол. ЈК од Алиекспрес“, некој ѝ напиша на Јелена со фотографии во пораката, а таа го објави разговорот

Карлеуша на 6 октомври го носеше споменатиот костум за време на снимањето на шоуто „Звездите на Гранд“, a Маја пред неколку дена на својот профил на Инстаграм објави фотографија во истата комбинација, која ја носеше претходната вечер на настапот.

 

На почеток
error: