Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директор на Театар Комедија, откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција.
„Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734.486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори.