Медиасет.мк

#ФОКУС

И за претстојниот полициски час ќе важат ланските дозволи за движење

Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите, МИОА ќе им преиздаде нови.

-Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење. МИОА ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот, појасни Арсовски, задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.

-Тие пополнуваат образец објавен на веб-порталот www.uslugi.gov.mk и за тоа се задолжени самите одговорни лица во компаниите со сите потадоци, исто како и минатата година. Oткако ќе го пополнат овој обрзаец тој станува валиден и со него овие работници пред било која полициска контрола можат да докажат дека во времето кога трае ограничувањето на движењето извруваат работни задачи, рече владиниот портпарол.

Компаниите, потенцира тој, на некој начин со аплицирањето на тие обрасци гарантираат дека одговараат конкретно за тие лица оти се во работен процес во период додека трае забраната за движење.

Трендинг

На почеток
error: