Медиасет.мк

#ФОКУС

(ФОТО) Цртежите од охриѓанецот Марио Шапкар го освоија и најдобриот хиперреалистички уметник во светот, Келвин Окафор

(ФОТО) Цртежите од охриѓанецот Марио Шапкар го освоија и најдобриот хиперреалистички уметник во светот, Келвин Окафор

Охриѓанец Марио Шапкар кој има неверојатен талент, го освојува светот. Неговите цртежи изработени само со молив ги воодушевуваат сите, дури и најголемите уметници. Најдобар пример за ова последниот негов цртеж, за кого доби пофалби дури и од  Келвин Окафор, најдобриот хиперреалистички уметник во светот.

-Келвин Окафор отсекогаш ми бил најголема инспирација, тој беше и причината поради која почнав да цртам пред неколку години. А, последниве седмици одвоив доста време за да го нацртам неговиот портрет и тоа целосно се исплати со тоа што тој ме објави на неговиот инстаграм профил, ме заследи и ми остави комплименти што од една страна ми претставува огромна чест и задоволство, а од друга страна сѐ повеќе ме мотивира да се унапредувам во иднина, вели Марио за Скопје 1.

Прочитај повеќе (ФОТО) Цртежите од охриѓанецот Марио Шапкар го освоија и најдобриот хиперреалистички уметник во светот, Келвин Окафор at Скопје1.мк.

На почеток
error: