Кинеската сонда Тјанвен-1 ја испрати првата фотографија од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција.
Тјанвен-1 беше лансирана во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.
Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.
Тјанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.