„Ама не се карајте сеа вака ајде па вие сте другарчиња. Не плачи Филипче, не го мисли он тоа, љубоморен ти е дека си успешен, ајде оди сврти едно кругче со моторчето…ајде глупости сеа ќе се карате, види до сеа што убаво беше со цените во приватните ги оќоревте со пари, ајде не плачи, не мора сеа да ги спуштате готово, се шали он се шали, ајде еее, бидна. За другата пандемија ќе знаеме подобро, никој не се родил учен. Не плачи пиле ајде оди види шо ќе кажеш зашо не се вакцинираш утре, ти вадат муабет дека си веќе вакциниран ама не си чул од мене молим те меѓу нас ова…ајде не се карајте се вртат луѓе одоколу, ајде другарчиња сте пиле ајде“, пишува Ина Многуфина на „Фејсбук“, а откако Филипче му се налути на Пендаровски кој кажа дека е срам граѓаните да се вакцинираат во Србија.