Медиасет.мк

#ТРЕНД

Грета се сретна со нејзиниот идол

Климатската активистка Грета Тунберг и добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи се сретнаа вчера на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија за да разговараат за нивниот активизам и да им пренесат важни пораки на студентите.

Тунберг дојде во посета на Јусафзаи, која студира филозофија, политика и економија на Оксфорд.

„Таа е единствената пријателка за која би прескокнала прадавања“, напиша Јусафзаи на „Твитер“.

„Денеска се запознав со мојот идол. Што друго можам да кажам?“, објави 17-годишната Швеѓанка на социјалните мрежи.

Малала Јусафзаи е 22-годишна Пакистанка која е најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир,  што ѝ беше врачена во 2014 година. Таа е позната по својот активизам за правата на девојчињата и правото на образование.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: