Поп-пејачот Даниел Данн го преработи хитот на „Дупер“, „Не сум твој тип“. Песната, во малку поинаков аранжман, ја промовираше вчера. Ова, вели тој, ќе биде прва од десетте преработки на популарни македонски песни што ќе ги направат тој и неговиот бенд додека се во изолација.
Освен Даниел, во неговиот бенд членуваат и Александар Кипровски, Миле Наумовски, Дарко Јовановски и Лазар Соколов. Тие, веќе работат на следната песна.