Медиасет.мк

#ФОКУС

ГАЛЕРИЈА: Скопјани се релаксираат и пазарат пред полицискиот час кој почнува од попладнево

Полицискиот час од денеска ќе почнува од 16 часот, за разлика од минатите денови кога почнуваше од 21 часот. Станува збор за одлука на Владата, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Екипата на „Медиасет“ провери низ улиците, каква е раздвиженоста, што се случува, што прават скопјани, има ли гужви и дали се пазари на големо.

Граѓаните излегуваат на сонце, но и на пазарење. работат и таксистите.

Во парковите се шетаат милениците, но и младите.

Се пазари во маркетите, но немаше особена гужва.

Граѓаните купуваа неопходни намирници, но не во големи количини.

Раздвиженоста беше поголема со возила, но не и пешки.

Имаше и жители на Скопје кои се релаксираа покрај кејот на Вардар.

Сонцето ги извади луѓето и пред зградите, на пешачките патеки, на клупите.

Се пазареше и на зелените пазари.

Движењето со возила низ Скопје е какои вообичаено.

Г. Јакимовски

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: