Медиасет.мк

Медиасет

Од Кејт нема ни трага, а Меган Маркл го лансираше својот луксузен бренд

Меган Маркл на Инстаграм го лансираше луксузниот бренд за живот „American Riviera Orchard“. На нејзиниот нов проект, кој ги вклучува „сите работи што и се при срце“, војвотката од Сасекс работи повеќе од една година, но одбрала специфичен и по се изгледа сосема случаен момент кога ќе го објави на јавноста.

Меган го откри новиот проект неколку часа пред принцот Хари и принцот Вилијам да се појават на наградата Diana Legacy во Научниот музеј во Лондон – каде што не гледаа очи во очи. Исто така, новиот проект се совпадна со лансирањето на ново шоу за готвење со Меган на Нетфликс, во кое таа ќе прави и продава свои производи. Ова вклучува прибор за јадење, ножеви, вилушки, лажици, шпорети и електронски шпорети, кафе, џемови и путери. Продажбата ќе биде проширена и во продавниците каде ќе се продаваат садови, чаши, џемови, покривки и садови за готвење.

Во снимката што беше објавена, се гледа како Меган готви, а се гледаат женски раце како реди розови и бели цветови.

Брендот ќе се фокусира на домот, градината, храната и производите за општ начин на живот.

Коментарите се оневозможени на Инстаграм профилот на брендот, а профилот води до нова страница со исто име каде луѓето можат да ја внесат својата е-адреса.

„Според мене, Сасексите не прават ништо случајно, а тајмингот е често суштински. Тие се непредвидливи со години, но беа предвидливи во една смисла, а тоа е дека кога станува збор за тајмингот, тие се непогрешливи. Тие не прават ништо случајно“, изјави Ричард Фицвилијам, кралски коментатор за Дејли Меил.

Лансирањето на брендот на Меган дојде додека принцовите настапија на наградата Diana Legacy. Хари, кој живее во Калифорнија, им се обрати на победниците преку видео, откако Вилијам ја напушти церемонијата.

На почеток
error: