Активисти за климата од групата Just Stop Oil денеска го нападнаа приватниот дел на аеродромот во Станстед во близина на Лондон и го полија со портокалова боја приватниот авион на поп-ѕвездата Тејлор Свифт.
Тие го објавија видеото на X, поранешен Твитер. Во соопштението наведуваат дека нивните активистки Џенифер и Кол ја пресекле жицата што го оградила приватниот дел од аеродромот. Тие бараат да се потпише итен договор за прекин на употребата на фосилните горива до 2030 година.