Медиасет.мк

Медиасет

Се огласија од ФФМ: Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување

Фудбалската федерација на Македонија го осуди однесувањето и навредите упатени кон македонскиот народ од страна на албанскиот фудбалер Мирлит Даку.

,, Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. 

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот.

Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. 
Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА. 

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување , препознавајќи ја штетата што ја предизвика. 
Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.
Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место.”, пишуваат од ФФМ.

Трендинг

На почеток
error: