Повеќето од вас веројатно сте слушнале за светски познатата градина Кукенхоф – најубавата градина со лалиња во светот.
Секоја година милиони туристи ја посетуваат градината, но оваа година поради пандемијата со COVID-19 никој не може да ужива во убавината на цвеќињата, со оглед на тоа што таа е отворена само во пролет.
Работниот тим ја одржува градината да изгледа добро, вклучително и оваа година, и покрај тоа што Кукенхоф е затворен за прв пат после 71 година.
Холандскиот фотограф Алберт Дрос, во соработка со градината Кекенхоф, а по негова лична иницијатива, успеа да ја фотографира најубавата градина во светот.
Паркот Кукенхоф се наоѓа во градот Лисе, помеѓу Амстердам и Лајден.
