Француската репрезентација обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако со минимални 1:0 го совлада Парагвај во натпревар исполнет со цврста и груба игра. Единствениот погодок го постигна Килијан Мбапе од пенал во второто полувреме, со што „сините“ си закажаа дуел со Мароко.По натпреварот, селекторот Дидие Дешамп откри дека бил загрижен поради честите остри стартови врз неговите фудбалери, особено кон капитенот Мбапе, па на крајот од средбата им дал посебна задача на двајца св
