Авалон Продукција се закани дека доколку до крајот на јули не се вратат концертите, следи катанец само за Македонија. Според Авалон за сега никој нема план и визија како би се вратиле во бизнисот.
„Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го изескивираме. Страшно е и поради тоа е цела држава во паника што се има нула визија и минус нула реализација во тоа… Што после него? Како да се чувствувам јас да речеме? Ние сме ги работеле во Белград: Iron Maiden, Amy Winehouse, Simply Red и барем уште 30 концерти. Авалон го донесе Bob Dylan во Белград.И за прв пат… во градот во кој во 1970-те биле Miles Davis и Tina Turner… за прв пат ги донесе ZZ Top, Diana Krall итн… Сега читам – концертите се вратија таму, EXIT продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту не прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот да речеме, за некој месец и пол. Треба ли да ја преселам работата скроз таму? Изминативе три години ја преселив скроз овде.
Еј… лани во Скопје беа: Sting, Lenny, Eros, Bryan Adams. Во една година!!! Треба ли да ја преселам сега скроз таму? Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, Авалон има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и дел од соработката со нас. Имаме како Авалон визија како да го заживее Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август.
Овој пост е апел! После него следи катанец. Ама… само за Македонија“, велат од Авалон.