Медиасет.мк

#ФОКУС

Авалон се закани: Да се вратат концертите до крајот на јули или следи катанец само за Македонија

Авалон Продукција се закани дека доколку до крајот на јули не се вратат концертите, следи катанец само за Македонија. Според Авалон за сега никој нема план и визија како би се вратиле во бизнисот.

„Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го изескивираме. Страшно е и поради тоа е цела држава во паника што се има нула визија и минус нула реализација во тоа… Што после него? Како да се чувствувам јас да речеме? Ние сме ги работеле во Белград: Iron Maiden, Amy Winehouse, Simply Red и барем уште 30 концерти. Авалон го донесе Bob Dylan во Белград.И за прв пат… во градот во кој во 1970-те биле Miles Davis и Tina Turner… за прв пат ги донесе ZZ Top, Diana Krall итн… Сега читам – концертите се вратија таму, EXIT продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту не прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот да речеме, за некој месец и пол. Треба ли да ја преселам работата скроз таму? Изминативе три години ја преселив скроз овде.

Еј… лани во Скопје беа: Sting, Lenny, Eros, Bryan Adams. Во една година!!! Треба ли да ја преселам сега скроз таму? Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, Авалон има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и дел од соработката со нас. Имаме како Авалон визија како да го заживее Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август.

Овој пост е апел! После него следи катанец. Ама… само за Македонија“, велат од Авалон.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: