Фронтменот на некогашната многу позната група „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ, почина на 66-годишна возраст, објавуваат хрватските медиуми.
Дујмиќ ја загуби битката за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случи минатата недела. По несреќата, тој имал тешки повреди на главата и бил во кома, приклучен на апарати.