Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ФОТО) Тијана Дапчевиќ во бавча, поддршка за Нина Бадриќ по исмевањето од жената што ѝ нудеше да собира компири

Хрватската пејачка Нина Бадриќ неодамна се огласи на својот „Фејсбук“ со апел до хрватските власти да им дозволат на музичарите да одржуваат концерти, секако под одредени услови, бидејќи од тие приходи не живее само таа, туку и многу луѓе што работат за неа и издржуваат семејства.

По оваа објава, Нина доби понуда од жена да вади компир на нејзината нива, а хрватската пејачка реагира така што истакна дека исмејувањето на туѓата неволја е пораз на човештовото.

Ова беше причина да се огласи македонската пејачка Тијана Дапчевиќ, која на „Инстаграм“ напиша дека не е срамота да се копа компир, па објави фотографија од 2012 година.

„Компири. Значи, што сега?  Не ме мрзеше, скролав до 21 август 2012 година, само за да ја пронајдам оваа фотографија. Не се занимаваме со уметност затоа што се срамиме да копаме компири или да не си ги извалкаме рацете и фустанот, туку затоа што тоа го сакаме. Јас музиката не ја сакам, јас ја дишам. Не можам без неа. Јас во сè и во секој го слушам звукот. Јас не одев на ниту еден мој концерт со став „ајде да го завршиме тоа, па да си одиме“. Не дојдов да завршам ништо, туку да направам забава. Да ја видам секоја ваша реакција, да пееме заедно. Моја работа е вам да ви биде убаво тие два часа. Кога вам ви е убаво, јас добивам енергија со која може да ја поместам планетата. Ги сакам и оние делови на оваа работа, но овде нема место за тоа да ви зборувам, а не е ни важно. Важно е сите да си изберат да работат она што знаат најдобро да го работат. Важно е да ги почитувате автомеханичарот, стоматологот, водоинсталатерот, земјоделецот, касиерката итн. бидејќи секоја работа е важна за друштвото. И уметноста е важна, верувајте ми, светот би изгледал многу поинаку да нема музика, филм, книги, фотографии… Важно е да ја почитуваме работата со која некој одлучил да се занимава. Никој не ве спречува да се занимавате со музика, никој не ве спречува да бидете на телевизија, имате право да правите што сакате. Само е срамота да се искористи тоа право да се копа во туѓите животи и да сее завист поради фактот дека некој нема работа поради сегашната ситуација. Сите сме на иста планета, сите сме во иста ситуација, нема потреба од нови вируси“, напиша Дапчевиќ на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CDYocYJhu_q/?utm_source=ig_embed

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: