Медиасет.мк

#ФИТ

Нов тренд – 10 минути вежбање дневно

Десет минути вежбање дневно доведува до вистински метаболички промени во телото, вели тренерката Лиз Непорент и додава дека тоа може да помогне и во губењето на прекумерната телесна тежина, намалувањето на стресот, како и да има и друга корист за човекот.

Американското здружение за спортска медицина (ACSM) им препорачува на возрасните лица најмалку 150 минути умерено вежбање седмично, меѓутоа од здружението сметаат дека е прифатливо и покусо вежбање од по најмалку десет минути дневно.

Експертите се надеваат дека ова решение би можело да го поништи еден од најчестите аргументи со коишто во истражувањата на здравствените навики се оправдува невежбањето, а тоа а е недостигот од време.

Фитнес тренерите препорачуваат во десетте минути вежбање да се комбинираат вежбите со коишто се јакнат мускулите со вежбите за јакнење на срцето. Предлагаат, исто така, и десетминутно одење.

Др Карл Фостер од универзитетот во Висконсин вели дека кусотрајното интензивно вежбање носи голема полза на младите лица, како и на оние во добра кондиција, меѓутоа потсетува дека за мажите постари од 45 години и жените повозрасни од 55 години, интензивното вежбање носи и ризици како што се опасност од срцев удар поради непропорционално големото оптоварување во текот на вежбањето. Предупредува дека на интензивното вежбање мора да му претходат барем најмалку шест месеци умерено вежбање, за да организмот се подготви за напорите што ги носи поинтензивното вежбање.

На почеток
error: