Медиасет.мк

#ФОКУС

Драма во Србија: Шестгодишно дете го спаси комшијата од сигурна смрт

Драматична сцена се одиграла во средата во српскиот град Пожаревац, каде човек со иницијали М.Н. се обидел да изврши самоубиство, бесејќи се со електричен кабел на дрво во сопствениот двор.

За среќа, трагедијата е избегната затоа што шестгодишното момче на соседите се нашло на вистинско место, во вистинско време.

Во моменти на нервно растројство и под дејство на алкохол, 36-годишниот човек излегол во дворот, го наместил гајтанот преку гранка од дрвото и се качил на столче, ставајќи ја јамката околу вратот. Веднаш потоа, тој го оттурнал столчето и останал да виси на кабелот.

Но, морбидната сцена ја следело шестгодишното дете, кое веднаш истрчало и го повикало својот татко, кој успеал да го спаси растроениот комшија, пишува „Новости“, повикувајќи се на српската полиција.

На почеток
error: