Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Емотивна снимка од ѕвездата на „Црниот пантер“, зборуваше за ракот и плачеше

На социјалните мрежи се шири емотивна снимка од ѕвездата на „Црниот пантер“, Чедвик Босман, кој почина по четиригодишната битка со ракот.

Босман во интервјуто зборува за момчињата Иан и Тајлор, а нивните родители му рекле дека момчињата сакаат да издржат да го видат филмот „Црниот пантер“ во февруари 2018 година.

„После тоа се чувствувате скромно, размислувате за тоа колку тоа им значи. Ама кога гледам како нè прифати светот, дека тоа стана движење и сега има свој живот, сфатив дека се случува нешто големо“, рекол Босман.

Босман не можеше да ги задржи солзите кога соопшти дека момчињата починале пред премиерата.

Трендинг

На почеток
error: